Лидија Димковска

Лидија Димковска е родена 1971 во Скопје. Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот фалултет во Скопје.

На Универзитетот во Букурешт, Романија, докторирала од областа на романската литература и предавала македонски јазик и литература.

Сега живее во Љубљана, Словенија и преведува словенечка и романска книжевност на македонски јазик.

Ги објавила следниве поетски книги: „Рожби од Исток“ (1992), „Огнот на буквите“ (1994) „Изгризани нокти“ (1998), „Нобел против Нобел“ (2001), „Идеална тежина“ (2008), „pH неутрална за животот и смртта“ (2009) и „Црно на бело“ (2016).

Објавила три романи: „Скриена камера“ (2004, 2012), „Резервен живот“ (2012, 2013 и 2015) и „Но-Уи“ (2016).

Книгите ѝ се објавени на повеќе од дваесет јазици.

Добитник е на повеќе книжевни награди: поетските „Хуберт Бурда“ (2009), „Поесис“ (2002), „Тудор Аргези“ (2012) и „Европската награда за поезија Петруѕ Крду“ (2016), наградата за проза „Стале Попов“ при Друштвото на писателите на Македонија (2005, 2013) и Наградата на Европската Унија за литература (2013). Била номинирана и за американската награда за „Најдобра книга во превод“ како за поезија така и за проза, на германската „Берлински мост“ и на полската „Европски поет на слободата“.

Претседател е на жирито за наградата на Меѓународниот книжевен фестивал Виленица (Словенија).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *